Заканата за бомба на три железнички станици во Моска е лажна

лажна

Претходно, околу 3.000 луѓе беа евакуирани од три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека на нив има поставено бомби.

По повик дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по илјада луѓе од Казанска и Ленинградска железничка станица, додека од Јарославска се евакуирани 750, наведе извор од руските безбедносни служби.