Закани по живот за Груевски од радикални екстремисти кои се претставуваат како УЧК

Никола Груевски и Сашо Мијалков, и сите оние кои помагаат против албанскиот народ, сега имаат причина да бидат вознемирени за нивната сигурност и за нивните семејства, од припадниците на УЧК кои се подготвени да дејствуваат, се вели во Комунике на ОНА испратено по повод оружениот напад врз ексклузивниот станбен комплекс на скопско Водно.

Ова се директни закани по живот за Груевски од радикални кестремисти кои се претставуваат како УЧК.

По ваквата објава во косовските медиуми, од МВР велат заканите искажани во коминикето ги сфаќаат сериозно и ги превземаат сите мерки за што поскоро откривање на идентитетот на лицето или лицата кои стојат зад ова. Дополнително, македонската полиција ќе оствари комуникација со косовските власти за проверка на одредени информации во интерес на брзо расчистување на случајот.

Одговорноста за нападот врз во зграда од ексклузивниот станбен комплекс на Водно, „Соравија ресорт“, на улицата „Тодор Александров“ ја превзема ОНА, се вели во Комуникето.

Тоа е потпишано од извесен Командант Куштрими, ОНА соопштува дека со одлука на главниот штаб на ОНА на 28.09.2015 во 17:45 успешно е извршена акција на специјалната единица на ОНА во гнездото на злоделата над албанското население во МВР и околината, испукани се 12 гранати како продолжение на нападот од 27. 09.2015 над инспекторот Ариф Асани – предавник на албанскиот народ.

ОНА ја презема одговорноста за нападот врз станбениот комплекс на Водно
ОНА ја презема одговорноста за нападот врз станбениот комплекс на Водно

Од ОНА бараат ослободување на затворениците на ОНА од 2003 година, се’ до последниот трагичен настан во населбата на јунаците (Дива населба) во Куманово.

Проценувајќи ја ситуацијата, зголемена е подготвеноста на сите единици на терен за да се стават во одбрана на албанскиот народ од секаков напад, кој им се врши. Даваме до знаење дека нашите напади ќе се пренесат во територии населени со славо македонци. Бараме освестување на славо македонската популација за да не ги поддржат нивните национаистички партии кои го напаѓаат албанскиот народ со нивните механизми, во спротивно и вие ќе бидете цел на нашите безбројни активности од единиците на ОНА наблудувачко диверзантски „Авни Рустеми“ и „Тели 69“, се вели во коминикето.

Соопштението е потпишано од извесен Командант Куштрими.

Инаку нападот врз станбениот комплекс се случи во понеделникот, околу 17, 45 часот. Непознат сотрител со огнено оружје испукал проектил кон вториот кат на комплексот и избегал.

Од испуканиот проектил, беше оштетена само фасадата на зградата и немаше човечки жртви.