Закани и навреди фрчат на Бихаќка, „борците за слобода“ линчуваат новинари

Да се биде новинар на прес-конференција на СДСМ, а да не работиш во еден од медиумите кои го “аминуваат“ секој збор и потег на Зоран Заев, е ризично како да газиш на темпирани бомби, објави Курир.

Уредно поканет од партијата одиш на прес-конференција, а пречекан од десетици партиски симпатизери, гневни, револтирани и полни со омраза кон претставниците на медиумите кои за опозицискиот лидер не се професионални. Затоа што за него се професионални само оние кои аболицираниот политичар го претставуваат како херој на денешницата.

Редакцијата на Курир, професионално, испраќа своја екипа на прес-конференциите свикани од претседателот на опозицијата. Како што испраќа на секој друг настан. Но, само на Бихаќка, адресата од која најгласно се обвинува дека нема слобода на медиуми, новинари на Курир се дочекувани со заканувачки зборови, извици, навреди и понижување.

Кога Зоран Заев, по своја прес-конференција вели „Новинари, повелете со прашања“, толпата симпатизери почнуваат да ги острат копјата. Ги насочуваат само кон секој оној кој ќе постави прашање чиј одговор дури и тие се плашат да го чујат од својот лидер.

СДСМ декларативно не престанува да збори за слобода на изразување, а покажува недемократски капацитет дури и омраза кон новинарите.

Ова е координирана реакција, Заев ниту еднаш не ги прекорува насобраните гневни симпатизери кои атакуваат новинари. Опозицискиот лидер не им укажува на поддржувачите на нивното однесување. Највисокото раководство на Заев, зад него се смее на таквиот однос кој е насилнички, што значи дека го поддржуваат гневот на членови на СДСМ кон новинари.

Опкружени со најгласните партиски симпатизери кои нè “стрелаат“ со заканувачки поглед, прво треба да молиме да го добиеме микрофонот за да поставиме прашање. Бидејќи, на нас како новинари, тоа и ни е работа. Какво и да е прашањето, по него наместо одговор добиваме навредливи зборови и извици од симпатизерите кои се присутни на секоја прес-конференција од кога почнаа “бомбите“. Заев собира публика да го извикува неговото име и да аплаудира по секоја трета реченица, што не е пракса на ниту еден друг партиски лидер во македонската политичка сцена. Откако ќе им остави неколку секунди да се обидат да не понижат нас, опозицискиот лидер дури тогаш се одважува да одговори на прашањето, за кое не бил подготвен од службата задолжена за тоа.

Но, работите излегоа од контрола, па затоа редакцијата на Курир реагира на овој начин.

Зад камерите од партиските прес-конференции, граѓаните не можат ниту да видат, ниту да чујат, со што се соочуваат новинарите кои се таму за да ги известуваат нив.

При самото пристигнување во дворот на партиското седиште, новинарите на Курир се дочекувани од партиските симпатизери со вперен прст, остра реторика, заканувачки поглед. Изминатиов период тоа прерасна во силни навреди, пцовки, па и закани по нашата безбедност. Навредувани сме ние, сите наши колеги, а добиваме и закани.

Нас не нарекуваа секако, па и со зборови толку недолични, што ни е под ниво и да Ви ги пренесеме.

Вистински терор е да стоиш меѓу толпа на луѓе кои јасно и во лице ти кажува дека го следат секој твој чекор, го слуша секој твој збор и дека сето она што не им се допаѓа може да заврши дури и со физичка пресметка. А на сево ова, “борците за слобода на медиумите“ молчат и се смеат под брк!

zakaninovinariiii

Новинарите од медиумите кои не се добредојдени во СДСМ, најавите за прес-конференција од таму стресно ги доживуваат. Свесни дека таму ќе ги чека буквален линч. Не е дозволиво партија која претендира да дојде на власт, да влева кај новинари вакви чувства само затоа што не е подготвена да слушне мислења кои не се идентични со нивните.

Новинарите од Курир често се мета на вакви ситуации. Ваквиот однос кулминира последнава година откако Заев и Шекеринска ја земаа опозициската партија во свои раце. Но, нивниот однос стана најдрзок кога кон нас ја насочија нервозата што со “бомбите“ не ја достигнаа посакуваната цел.

Минатата недела, новинарка на Курир беше исвиркана, омаловажена и мета на навреди и пцовки. Само затоа што постави прашање. Додека во СЦ Борис Трајковски се собираа десетици илјади поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, Заев експресно најави прес-конференција. Но, не сакаше да одговори на најлогичното прашање што требаше да се постави тој ден.

Еве што го праша нашата новинарка: Господине Заев зошто толку рано ја закажавте прес конференцијата? Дали се уплашивте од народот што доаѓа на собирот на ВМРО-ДПМНЕ?

Реакцијата за ова ќе ја погледнете во видеото.

Друга новинарка на Курир на претходната прес-конференција, професионално, побара коментар од Заев, на изјава од македонските бранители кои го повикаа лидерот на СДСМ да се однесува со нив како со Верушевски, бидејќи тие се вистински патриоти, а не првоосомничениот во „Пуч“. За да ја имаме и другата страна, го прашавме Заев за став. Добивме бурна реакција од толпата социјалдемократи.

Трета новинарка од Курир, помина со потивки извици, но во ходникот на партијата по прес-конференцијата беше дочекана со навреди и погрдни зборови. Со прашањето „Знаеш ли како ќе завршиш кога СДСМ ќе дојде на власт“?

Ова се само три примери, а новинарите на Курир десетици пати се соочиле со ваква слика. Ситуациите ќе ги видите во видеото кое следува. Но, заканите не се присутни само на Бихаќка. И социјалните мрежи ги претворија во воено поле, па на нашите приватни профили ни испраќаат навредливи содржини и закани.

sdsm-sostojba22

НЕ Е САМО КУРИР НЕПРИЈАТЕЛСКИ ДОЧЕКАН НА БИХАЌКА

Не се само новинарите на Курир дочекани во СДСМ на најнедоличен начин. Пцовки, навреди и клетви се упатуваат до сите новинари кои не се од групата на синхронизирани бранители на Заев и Шекеринска. Вчера и редакцијата на Сител објави прилог во кој го обелоденува овој скандал, со видео снимки од изживување врз новинари од партиски симпатизери. Сител објави дека ваквото малтретирање е започнато многу одамна. Новинарка на Алфа неодамна постави прашање до Зоран Заев „Дали ќе објавувате снимки само од Власта“? По недоличниот одговор, следуваше поинаква “одмазда“. На следните прес-конференции, партиска камера ја снимаше новинарката во секој чекор во партиското седиште. Новинарка од друга телевизија, доби закани од партиска симпатизерка: „Ќе ти ја искубам косичката ако те фатам“! Новинарите од медиумите кои го критикуваат Заев два пати се помислуваат дали да прашаат нешто. Затоа што таму сме дојдени да работиме, а не да претрпуваме стрес. Отидени на службена должност, си одиме приватно омаловажени.

ПРЕКУ НОВИНАРИ НАПАЃААТ НОВИНАРИ

Мошне наштиман е оркестарот чија работа е да ги напаѓа новинарите од медиумите кои не се согласуваат со политиките од Бихаќка. Така, освен од партиските бодигард-симпатизери, често сме мета на напади и од нашите колеги од медиумите блиски до СДСМ. Секое прашање насочено кон Зоран Заев се следи со будно око и од новинарите кои добиваат дури и посебно место веднаш до челничката гарнитура во СДСМ, за од таму да го следат пресот. И тие се меѓу најгласните кои со овации и навреди го раздвојуваат нашето прашање, од одговорот на политичарите кои жестоко ги бранат. Тие, новинарите, велат дека ние, нивните колеги не сме биле вистински новинари. Но, многу добро се познаваме иако тие се однесуваат како на воено поле. Токму тие новинари, кои толку гласно го бранат СДСМ на професионален план, воопшто не кријат дека и приватно се приврзаници на опозициската партија. И во приватните разговори и на своите профили на социјалните мрежи. Но, сите тие никогаш не биле третирани во ниту една политичка партија, како што ние сме третирани во партијата на Зоран Заев.  Какви прашања и да поставиле. А поставувале и такви во кои се навредуваат политичари, па се вмешуваат и нивните семејства.

СДСМ како „Златна зора“

Во вчерашниот прилог на Сител, македонската опозициска партија беше споредена со „Златна зора“ во Грција.  Членовите и симпатизерите на оваа нацистичка партија, таму дури и ги тепаат нашите колеги новинари.

КУРИР ќе реагира кај меѓународната заедница

Од челниците на партијата сме дочекувани со класификации за тоа кој е, а кој не е новинар. Од нивните симпатизери со вербални закани.

Насилниците кои Заев ги собира на прес-конференции, освен лично кон нас, почнаа да упатуваат и закани до нашите семејства. Ни ги пцујат мајките, ни ги спомнуваат малолетните роднини. Заканувачки не повикуваат да дојдеме во Струмица, се закануваат дека ќе ни ја скршат камерата, дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе завршиме на улица, дека некои од нас ќе бидат модри.

ЗНМ молчи. Но, ние повеќе нема! За секој нареден ваков однос, Курир ќе ги известува сите новинарски здруженија и претставници на меѓународната заедница во Македонија.