Закани со смрт и силување до новинари во Хрватска и БиХ

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Арлем Дезир, ги повика во средата властите во Хрватска и Босна и Херцеговина да го истражат големиот број закани за новинарите и да се осигурат во нивната безбедност.

Заканите со смрт следувале веднаш по последната пресуда на Хашкиот трибунал групата шест босански Хрвати, кога генералот Слободан Праљак по потврдувањто на пресудата во судницата испи отров по што почина.

„Најостро ги осудувам сите закани упатени кон новинарите, а особено они кои сметаат дека ќе ги замолчат новинарите. Властите имаат обврска да осигураат услови за новинарите да работат безбедно, а лицата кои им се закануваат да бидат процесуирани“, наведува Дезир во соопштението.

Во соопштението се наведува дека новинарите од хрватскиот портал Index.h примиле голем број сериозни смртни закани преку социјалните мрежи, а дека новинарите од БиХ од сараевската редакција на катарската сателитска телевизија Al Jazeera и на портоалот Tacno.ba биле цел на закани со смрт и силување.

Сите закани се пријавени во полиција во двете земји.

„Ги повикувам властите што побрзо да ги истражат овие закани и напади“, наведува Дезир и потсетува дека новинарите имаат право да известуваат за тешки теми.