Закани со убиство на Груевски од опозицијата

На порталот на најгласниот поддржувач на Зоран Заев, „Плусинфо“ на Бранко Геровски, попладнево осамна наслов „Може ли Груевски да биде убиен?!“ потпишан од сдсмовскиот новинар Бранко Тричковски, пишува порталот „Курир“.

Ова не е прв ваков наслов објавен на опозицискиот портал, спонзориран од УСАИД и фондацијата Сорос, а управуван од Бранко Геровски.

Препознатливо, во негов стил, еден од новинарските перјаници на Зоран Заев неодамна се огласи и преку социјалните мрежи повторно со говор на омраза. Тричковски објави статус на својот Фејсбук профил со наслов: Поради тоа што СДСМ не победи ќе навивам за смрт на Македонија.

trickovski_svinja

Имено, во низа наврати во изминативе неколку години, Тричковски објавуваше како „замислувал снајперски куршум кој поминува низ главата на Груевски“, бараше да се крене во воздух штабот на ВМРО-ДПМНЕ со сите внатре, и плукаше по загинатите бранители во кумановско Диво Насеље.

Она што сериозно загрижува е немањето на реакција на странските претставници во државава кои редовно се јавуваат кога треба да се прозиваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и новинари и медиуми кои имаат поразлични ставови од оние на СДСМ.

Очигледна е нервозата кај медиумите блиски до СДСМ, финансирани од СОРОС и кај новинарите кои ги бранат политиките од Бихаќка.

Соочени со фактот што граѓаните не го одобруваат искреираното сценарио на Заев и опозицијата, тие прибегнуваат кон експлицитен говор на омраза и дрски напади врз лична основа.

Амбасадорот Жбогар и лично од Груевски доби реакција поради неговото непостапување по однос на говорот на омраза. Имено, Жбогар и ЕУ изразуваат загриженсот само кога било кој, поврзан или не со ВМРО-ДПМНЕ ќе каже нешто, а на повиците за убиство на лидерот на најголемата политичка партија и иден премиер никој од ЕУ и САД не реагира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.