Закани за атентати пред изборите во Турција

Градоначалникот на Анкара и кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), за уште нов мандат како градоначалник, Мелих Гокчек, објави сензационални тврдења дека 15 дена пред локалните избори на 30 март во Турција ќе има атентати, соопшти електронското издание на весникот „Хуриет“.

„Може и лично против мене да биде организиран атентат. Но верувајте, тоа не е толку важно. Зашто јас веќе сум оставил пет писма, од кои две до моите деца, со шифрите на оние кои се обидуваат да ја оцрнат иднината на земјата . Ако нешто се случи со мене, барем мојата смрт нека послужи за разјаснување на ситуацијата. Тогаш сите ќе дознаат за игрите што ги планираат одредени кругови внатре во Турција и надвор од земјата“, посочил уште градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек.