Закани за кандидатка за градоначалник на Старо Нагоричане

Една од двете кандидатки за градоначалник на Старо Нагоричане пријавила дека добила закани по телефон од непознато лице во текот на вчерашниот ден.

Заканите, според информации од полицијата, се пријавени околу 20 часот во полициската станица Куманово и се преземаат мерки за расчистувње на случајот.