Закажано рочиште за Харадинај во судот во Колмар

Пред Апелациски суд во Колмар во Франција, денеска е закажано рочиште на кое треба да биде донесена одлука по барањето за екстрадиција на лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.

Еден од пораншните команданти во ОВК беше уапсен на 4 јануари на аеродром во Базел по потерница на Интерпол од Србија. Обвинет е дека од 1998 и 1999 година извршил воени злосторства над Срби и други неалбанци.

Францускиот суд на 12 јануари го ослободи до конечна одлука за екстрадиција. Харадинај на 1 февруари се појави пред суд во Колмар, кога беше закажано нови рочиште за 9 февруари. За воени злосторства нему му судеше Хашкиот суд и во 2012 година беше ослободен од обвинение.