Закажано судењето за комичарот Бил Козби

Судскиот процес против Бил Козби (79), којшто е обвинет за сексуално злоставување жена во 2004, е закажано за 5 јуни идната година, јави Би-Би-Си. 

Андреја Констад, поранешна вработена во универзитетот „Темпл“ во Филаделфија, наведува дека ја дрогирал, па ја злоставувал. Најмалку 50 жени досега го обвинија Козби за слични постапки, а обвинителството ќе повика 13 од нив како сведоци.

Доколку се утврди вина, на ѕвездата на „Козби шоу“ му се заканува затворска казна и до десет години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.