Ѕакерони ќе има дилема до јули

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јапонија, Алберто Ѕакерони, откри дека по завршувањето на престојниот Мундијал во Бразил ќе открие која ќе биде следната негова дестинација.

“Прво нека заврши Мундијалот во Бразил. Потоа ќе одлучам каде ќе ја продолжам мојата тренерска кариера. Не знам дали ќе добијам телефонски повик од Фудбалската федрација на Италија, но до овој момент, не сум добил таков телефонски повик. Во јули ќе откријам каде ќе ја продолжам мојата тренерска кариера, не знам колку и какви понуди ќе добијам во јуни, изјави поранешниот тренер на Удинезе и Милан.