Закхарова: Обидите на НАТО да ја вовлече Србија во сојузот се понижувачки по бомбардирањата од САД

Ветувањата на НАТО за безбедност и обидите да ја вовлече Србија во сојузот се понижувачки за земјата во време кога двајца нивни дипломати кои беа држани како заложници во Либија се убиени во воздушен напад на САД, рече портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Закхарова, пренесува „Раша Тудеј“.

Во неделата во изјава за Россија 1 телевизијата Закхарова рече дека Вашингтон продолжува да ја обвинува Русија дека бомбардира цивилни мети, иако за тоа нема докази, а дека истовремено се однесува како ништо да не се случило кога има цивилни жртви во нивните напади.

Таа рече дека само неколку дена по кампањата на дезинформации со кои ја обвинија Русија дека извршила напад врз медицински објект во провинцијата Идлиб во Сирија, воздушниот напад на САД во Либија кој бил спроведен без дозвола „убил двајца српски дипломати“.

Владата во САД требаше да знае дека во објектите на ИД во Либија имаше двајца српски заложници, рече Закхарова напоменувајќи дека српската влада веќе им ги доставила информациите на разузнавачките служби во САД пред нападите.

Најтрагично е што информациите биле доставени до ФБИ и ЦИА. Тоа го велат српските власти, нагласи Закхарова, и напомена дека САД сега одбиваат да признаат дека знаеле каде биле заложниците.

Таа праша како САД може да и ветат безбедност на Србија кога земјата ќе се приклучи на НАТО, ако Вашингтон неможе да избегне да нападне цели што биле означени предвреме, како што во овој случај беше случајот со српските дипломати.

Каква (гаранција за) безбедност? За што говорат САД? , праша таа и нагласи дека оваа ситуација е „посебна форма на понижување“.

Ова е наметнување на синдромот на Стокхолм [за Србија], кога тие ги принудуваат своите жртви да ги сакаат и да признаат јавно дека сакаат да бидат со нив. Ова е посебен вид на перверзија, повтори Захарова.

Србија се соочи со масовни демонстрации во саботата, откако владата потпиша договор со кој се гарантираше дипломатски имунитет и слободно движење за војската на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.