Ја заклал мајка му со полнач за мобилен

Русинот Јегор Сосин (19) од Москва, синот на милијардерот Игор Сосин (45),наводно дрогиран, ја задавил мајка си Анастасија Новикова-Сосин (44) со полнач за мобилен телефон откако се скарале во хотелот „Корстон“ во Казањ, пренесува Life News.

Злосторството се случило на 11-ти декември, ама деталите за убиството дури сега излегуваат на виделина. Мајката и синот допатувале во Казањ, каде Јегор требало да се лекува од зависност од дрога.

Откако се сместиле во хотелот, бргу се скарале и според сведоците, толку гласно викале што персоналот сакал да викне полиција. Меѓутоа, ситуацијата набргу се смирила.

Се воспоставило дека синот ја убил мајка си со полнач за мобилен телефон. Вработените во хотелот повикале полиција откако го забележале младиот Јегор како избезумен и полу-гол шета низ ходниците. Изворот од полицијата вели дека пред да биде убиена, жената била прво претепана.

ubistvo_1

Јегор Сосин е студент на деловни студии на меѓународното бизнис училиште Хулт во Лондон. Сакал да стане богат како татко му, но и да биде независен. Поради таа причина одлучил да оди во Велика Британија и таму да студира. Има сестра Таисија, која е веб дизајнер и живее во САД.

Крвнички ја тепал со тупаници, а потоа го земал полначот. Толку насилнички ја давел, што со помош на кабелот и го пресекол гркланот. Погледот во собата беше езив. Жената лежеше на креветот полн со крвави дамки, а дури и ѕидот беше испрскан со крв, тврди изворот, пренесуваат руските медиуми.

Јегор веднаш бил уапсен, но толку бил издрогиран што едвај стоел на нозе. На полицијата и кажал дека неколку часа пред тоа, мајка му му дала лекови од кои почнал да халуцинира.

Се сретнав со мајка ми поради некои медицински тестови. Допатувавме во Казањ, а таа ми даде некои лекови во хотелот, од кои почнав да халуцинирам. И понатаму се чувствувам чудно и зашаметено, рекол тинејџерот.

Игор Сосин, татко на Јегор и сопруг на Анастасија, занемел од шок и одбил да даде изјава. Тој е сопственик на ланецот на супермаркети „Старик Хотабич“, а има и луксузни недвижнини ширум светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.