Македонија

Заклетва на 165 војници од кои 12 девојки во Велес

Заклетва на 165 војници од кои 12 девојки во Велес

Вкупно 165 војници, од кои 12 девојки денеска дадоа свечена заклетва во касарната Алексо Демниевски Бауман во Велес.

На заклетвата присуствуваше и министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Министерот им порача дека на овој начин се обврзуваат да ја бранат земјата и највисоките уставни и човекови вредности.
Само со дисциплинирано однесување доброволците можат да бидат пример за градење на цврсти меѓучовечки односи  истакна на денешната заклетва командантот на командата за обука.

Тримесечната обука ќе им овозможи на кандидатите да се  приближат до воената професија, а при  понатамошната селекција да преминат и во  идни професионални војници во македонската армија

Новите 165  кандидати кои ќе служат тримесеч воен рок се дел од јубилејната 25-та  генерација доброволци во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман.