сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 22

Жаклина од Куманово е жената која загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро

zaklina-kumanovo

Поврзани вести

Жаклина Божиновска (43) од Куманово е жената која синоќа загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро. Таа со семејството на брат и се враќала од Охрид кон Куманово, јави kumanovonews.com

Невремето ги фатило на автопатот и им го потопило автомобилот. Во обид да се спасат излегле до колата и продолжиле пеш. Додека се пробивале низ буицата Жаклина исчезнала. Залудни биле обидите на нејзиниот брат да ја пронајде и да ја спаси. На нејзината снаа со две малолетни деца им помогнале луѓе кои наишле со комби, а братот продолжил да ја бара сестрата во текот на ноќта. Утринава му била соопштена тажната вест дека е пронајдена удавена.

Жаклина и семејството на брат и вчера заминале на еднодневна прошетка во Охрид, бидејќи децата им биле на одмор.

Божиновска работеше во ЈП “Чистота и зеленило“.

Најчитани вести