Заклучок за Македонија на Советот за општи работи на ЕУ

ЕУ ќе ја заострува контролата на границите, патниците и шверцот на оружје
ЕУ ќе ја заострува контролата на границите, патниците и шверцот на оружје

Министрите за надворешни работи на земјите од Европската Унија, денеска во рамките на Советот за општи работи првпат ќе донесат заклучоци за политичката состојба во Македонија.

Се очекува да биде изразена длабока загриженост за состојбата. Исто така, Советот ќе ги повика сите страни да преземат итни мерки за унапредување на политичкиот дијалог и довербата, а институциите да ја истражат содржината на објавените аудио- снимки од лидерот на СДСМ, Заев.

Неофицијално, Советот на министрите ќе побара од Европската Унија да известува редовно за процесот на високиот политички дијалог на евроинтеграциите на Македонија.