Закон со кој се овозможува смртна казна со стрелање усвоен во Јута

Во сојузната американска држава Јута е усвоен закон со кој таа држава ќе биде единствена во САД во која смртната казна би можела да се изврши со стрелање, „доколку се појави недостиг од хемиски средства за егзекуција“.

Стрелачки вод со тоа повторно би се вовел во казнената пракса на Јута откако пред повеќе од десет години тој начин на егзекуција беше напуштен.

Потребно е гувернерот на Јута, Гари Херберт да ја одобри таа одлука на Сенатот на државата. Тој засега не се изјаснил за тоа каква одлука ќе донесе. Противниците на новиот закон истакнуваат дека стрeлачкиот вод е „суров остаток од Дивиот Запад“.