Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи третото продолжение на 47.седница.
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за Царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, двата по скратена постапка, пренесува МИА.
Пратениците ќе расправаат и по годишните извештаи за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2014 година, на Агенцијата за пошти за 2014 година, на Македонската радио телевизија за 2014 година, Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2014 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, и на Државната комисија за спречување на корупција во 2014 година.
На дневен ред на седницата се и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2014 година и Барањето за давање автентично толкување на член 327 став (3) точка 6) од Законот за парничната постапка, поднесен од Никола Мицевски.