Законот за алтернативна медицина во Собрание

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35 седница со гласање по Дополнетиот предлог на закон за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање, за кој расправата заврши вчера, пишува МИА.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се Предлог законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, двата по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и на Законот за финансиската полиција, во прво читање, како и Предлог законот за изменување на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, исто така, во прво читање.

На седницата, меѓу другите, треба да се расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација и Предлог законот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, двата во прво читање.