Законот за еднакви можности на жените и мажите пред пратениците

На дневниот ред на првото продолжение на 19. седница на Собранието денеска се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за еднакви можности на жените и мажите,  за превоз во патниот сообраќај, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавни патишта, за внатрешна пловидба, за сигурност во железничкиот систем, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за технолошки индустриски развојни зони, за индустриски-зелени зони, за минерални суровини, за шуми, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите по скратена постапка.