Законот за медиуми на уште едно разгледување во Европската комисија

Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на уште едно разгледување во Европската комисија по нејзино барање, соопштија во средата од Владата.

Оттаму велат дека роковите не се пробиваат и оти по враќањето на законот и евентуалните препораки предлог-законот ќе биде ставен на владина седница.

Портпаролот на Миле Бошњаковски соопшти дека се усвоени повеќе предлог-измени на закони дел од итните рефоромски приоритети предвидени со „Планот 3-6-9“.

Меѓу нив: Законот за судовите, Законот за извршување на санкции, Законот за јавно обвинитество, Законот за кривична постапка, Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција. Усвоени се и пакетот законски решенија кои се направени по препораките на Прибе.