Македонија

Законот за стечајци почнува да важи од петок

Законот за стечајци почнува да важи од петок

Законот за материјално обезбедување на невработени лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок, ќе започне да се применува од петок, најави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

„Сите оние кои останале без работа во периодот од 2000 година до 31 декември 2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право веќе од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Република Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување“, рече денеска Спасов.

Со овој закон, како што нагласи тој, ќе бидат опфатени околу 3.000 стечајци кои останале без работа од некоја компанијата во целосна или доминантна државна сопственост.