Законот за употреба на јазиците сѐ уште не е испратен во Службен весник

Законот за јазиците сѐ уште не е испратен до „Службен весник“ во кој треба да биде објавен за да стапи на сила, а собранискиот спикер Талат Џафери и во четвртокот не даде прецизен одговор кога ќе го испрати Законот за објавување кој е без потпис од шефот на државата Ѓорге Иванов.

Џафери вели дека не си наметнува временски ограничувања.

„Не сум оптеретен со времето затоа што нема временски ограничувања за објавување закон“, рече Талат Џафери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.