вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Законски измени за екстерното тестирање – ќе почнува од шесто одделение, нема да влегува во општиот успех

Денес во Собранието на Република Македонија на дневен ред се најдоа измените и дополнувањата на Законот за основно образовани и Законот за средно образование кои што ќе го подигнат квалитетот на екстерното тестирање во основното и средното образование во нашата држава, истакна пратеникот Драган Данев.

Dane-danev-640x480

Поврзани вести

Денес во Собранието на Република Македонија на дневен ред се најдоа измените и дополнувањата на Законот за основно образовани и Законот за средно образование кои што ќе го подигнат квалитетот на екстерното тестирање во основното и средното образование во нашата држава, истакна пратеникот Драган Данев.

Интегрален текст од изјавата на Данев:

Клучните измени и дополнувања на овие два закони се со цел да се подобри процесот на екстерното проверување на постигнувањата на успехот на учениците во основото и средното образование. На почетокот, би сакал да напоменам дека измените и дополнувањата на Законот за основно и Законот за средно образование се резултат на редовните консултации со засегнатите страни. Со овие измени и дополнувања ќе се излезе во пресрет на барањата на родителите и наставниците, а најмногу на учениците во основите и средните училишта.

Имено, како една од поважните измени на процесот на екстерно тестирање е воведувањето на додаток во сведителството во кој што ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што беше до сега каде што резултатите од екстерното тестирање беа во рамките на сведителството. Со самото воведување на овој додаток, истовремено се воведува уште една измена со која што резултатот од екстерното тестирање на учениците како додаток нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот односно тие нема да влијаат на просекот на успехот од оценките во сведителството на ученикот. Токму со овие измени се решаваат недоразбирањата кои што настанаа во јавноста околу оценката недоволен (1) во сведителството, која што претходно влијаеше во општиот успех на ученикот. Дополнително, резултатите од екстерното тестирање во средното образование, иако нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, сепак тие ќе влијаат при упис на ученикот на факултет односно резултатите од екстерното тестирање во основното образование ќе влијаат при упис на ученикот во средно образование.

Како една од клучните измени во Законот за основно образование претставува промената на започнување на процесот на екстерно тестирање односно наместо екстерното тестирање да започне од 4то одделение како што беше досега, со овие измени тој ќе започне да се применува од 6-то одделние.

Како уште една новина која што се воведува е тоа што со новите измени и дополнувања на овие два закони ќе се овозможи на Државниот испитен центар да воведе апликација со пробни тестови на кои учениците ќе можат да вежбаат и да се подготвуваат за екстерното тестирање кое што ќе им следува кое впрочем ќе значи олеснување и приближување на учениците кон самиот процес на тестирање.

Со цел надминување на досегашните пропусти во процесот на екстерното тестирање на учениците, со овие измени ќе се овозможи и дополнително уредување на процесот на екстерното тестирање односно преку годишна ревизија и ажурирање на базите на дадените прашања ќе се подобри квалитетот на прашањата и системот на ектерно тестирање на учениците во целост.

Овие измени исто така предвидуваат и парични награди во износ од 50%, 40% и 30% од просечната нето плата во Република Македонија која што ќе ја доделува Министерството за образование и наука и тоа:

50 % од просечната нето плата, за освоено прво место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот;

40 % од просечната нето плата, за освоено второ место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот;

30 % од просечната нето плата, за освоено трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки за ученикот и наставникот кој што го подготвувал ученикот за натпреварот.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобар Македонија“ сметаме дека се работи за многу позитивни измени кои како што напоменав погоре, се резултат на претходни консултации со сите засегнати страни и затоа ние цврсто веруваме дека овие новини значително ќе го подобрат квалитетот на екстерното тестирање се со цел овој проект реално да ја отслика состојбата во основото и средното образование.

Оттука, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја дадат поддршката за измените на овие два закони бидејќи тие значат и ќе придонесат за надградување и подобрување на процесот на екстерно тестирање, а со самото тоа и значително подобрување на квалитетот на основното и средното образование во Република Македонија во целост.

Најчитани вести