Законски олеснувања во уредувањето на меѓите

Преку измени на Законот за катастар на недвижности Владата најавува олеснувања во уредувањето на меѓите или сосопственичките права.

Со новите измени ќе се овозможи  само со потпишување изјава на нотар граѓаните да станат сопственици на својот дел, наместо сегашното законско решение со договор  и геодетски елаборат.

Само со потпишување изјава на нотар граѓаните ќе може да станат сопственици на својот дел

Само со потпишување изјава на нотар граѓаните ќе може да станат сопственици на својот дел
Само со потпишување изјава на нотар граѓаните ќе може да станат сопственици на својот дел

Трошокот за изјавата на нотар ќе чини 150 денари, а за сегашните договори за физичка делба се плаќа 100 евра, како и околу 50 евра за изработката на геодетски елаборат.

Сосопственички односи, според анализите, има кај 54.224 парцели.

Кога се јавуваат разлики  помеѓу стариот и новиот премер, односно кога има навлегување на парцелите од еден сосед кај друг или пак доколку се јавуваат сосопственички односи во случај кога еден сопственик ја продал парцелата на повеќе други лица, но не била направена физичка делба,  досега беше потребно да се направи физичка делба за кој трошоците изнесуваа 100 евра, како и геодетски елаборат кој чинеше околу 50 евра. Со сегашните измени ќе биде доволно само да се потпише изјава подготвена од Катастарот и со обично заверување на потписите на заинтересираните страни постапката да се заврши во Катастарот во еден чекор, рече денеска на прес-конференција Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Со оваа законска реформа, како што истакна Пешевски, 131.023 граѓани на брз и едноставен начин ќе можат да ги решат сосопственичките права.

Тој потенцира дека со овој проект се прави заштеда од 5,5 милиони евра за нотарски трошоци и 2,7 милиони евра за геодетски елаборати кои досега граѓаните ги плаќаа за склучување договор за физичка делба доколку сакаа да ги решат сосопственичките односи.

Обрасците со изјавите достапни на веб страницата на Агенцијата за катастар

Обрасците на изјавите со кои ќе може да се уредат меѓите се објавени на веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности и достапни на сите шалтери на Катастарот.

Со цел дополнително  олеснување на постапката на веб страницата на катастарот објавени се имињата и презимињата и називите на физичките и правните лица  кои се сосопственици. Претпоставуваме дека голем дел од граѓаните и не знаат дека се сосопственици  и затоа сега ќе можат да си проверат дали се во ваков сооднос, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Правото на сосопственот кај 54.224 парцели, појасни, е како резултат на авионскиот премер на недвижностите извршен од  1957 до 2006 година.

Главна причина  за несовпаѓање на граничните линии, односно  несовпаѓање на површините меѓу стариот и новиот премер  се разликите во начинот на пресметување на површините на парцелите и користењето на технологиите од порано и сега, размерот  на плановите, грешките при одобрување на катастарот на недвижности, менување на граничните линии меѓу соседите без тоа да се пријави во катастарот, како  и забраната  за купопродажба  на градежното земјиште која траела од 1958 година до 2001 година па граѓаните биле принудени да купуваат или продаваат со меѓусебни договори, рече Трпески.

Во тој период, додаде, се градени најголемиот дел од 350.000 дивоградби кога воопшто не се водело сметка дали се во катастарската парцела.

Олеснувањето на уредувањето на меѓите, укажа вицепремиерот Пешевски, е третата мерка на Владата за олеснување на постапката за запишување на правата на недвижностите.

Претходно, потсети, се воведе ажурирање на катастарската евиденција, со која на граѓаните во руралните средини кои не го запишале имотот во тек на постапката за систематско запишување им се овозможи повторно бесплатно да го пријават својот имот и да добијат имотен лист.

Се воведе и можноста на барање на Државното правобранителство бесплатно да се изложи  градежното земјиште сопственот на РМ, а со право на користење на физички и правни лица.