Македонија

Законските измени за минимална плата денеска пред пратениците

Законските измени за минимална плата денеска пред пратениците

Во рамки на третото продолжение на 84-татат седница во Собранието денеска ќе се расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Македонија, по скратена постапка.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.

На дневниот ред се и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, двата по скратена постапка.

Како што е најавено, на агендата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за семејството и на Законот за заштита на културното наследство, сите во прво читање.