Законските измени за зголемување на социјална помош поминаа кај матичната Комисија

Измените на Законот за социјална заштита со кои е предвидено зголемување на социјалната помош за 10 наместо пет проценти годинава, денеска во второ читање помина на собраниската Комисија за труд и социјална политика, пренесува МИА.

Измените треба во второ читање да бидат усвоени на пленарна седница. По усвојувањето од Собранието, измените, според предлогот, треба да стапат во сила од јули годинава. Тие треба да ја подобрат социјалната сигурност на корисниците на социјална и постојана парична помош.

Предвиденото зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 5 проценти со законските измени се однесува на околу 35.000 корисници на социјална парична помош и на околу 5.800 корисници на постојана парична помош.

Социјалната и постојаната парична помош досега е зголемувана неколкукратно. Во 2006 година, социјалната парична помош изнесуваше 2.900 денари, а денес изнесува 4.266 денари, што претставува зголемување за 47,10 проценти. Исто така, во 2006 година износот на постојаната парична помош беше 3.695 денари, а денес тој износ е 5.392 денари односно зголемување за 45,93 проценти.

Досега за корисниците на социјална и постојана парична помош се воведени низа мерки како што се трајното ослободување од плаќање радиодифузна такса, бесплатно изготвување елаборати на дивоградбите во кои живеат, отпис на долгови, надоместоци за учениците од социјално ранливи семејства кои ќе се запишат и редовно ќе посетуваат настава во средно образование,…