Закроено лозјето во Гевгелија

Со гозба, вино и музика, лозарите и винарите од гевгелиско денеска го слават големиот христијански празник Свети Трифун, пренесува МИА.

На лозовите насади и плантажи во сите населени места, лозарите со нивните семејства и сопствениците на винарии го направија вековниот обичај на закројување на лозјето.

Централната прослава на празникот се одржа во црквата „Света Петка“ во село Прдејци каде што по одржувањето на свечената празнична литургија, во дворот на црквата се изврши симболично закројување на лозјата.

Лозарите од општина Гевгелија велат дека празникот им дава надеж за богат род од кој ќе се произведе квалитетно вино.Тие сметаат дека закројувањето на лозјата е еден вид креација,односно обред во кој има и содржина затоа што сега се оформува идниот род.Според процентот на здрави окца на лозјето, тие ќе знаат што да очекуваат од годината.

Се верува дека Свети Трифун е чувар на лозјата и другите посеви од разни штети и дека е заштитник на лозарите и кафеанџиите.