Заладување со засилен северен ветер, во некои делови дожд и снег

Од УХМР информираат дека во недела наутро времето е умерено до значително облачно во поголемиот дел од земјава. Околу пладне и попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови.

Во скопската котлина има слаба магла и ниска облачност, во Демир Капија и на некои повисоки места има ниска облачност и намалена видливост од 50 до 500 метри. Дува слаб ветер од југоисточен и јужен правец.

Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно и во пониските места во крајните северни и источни делови од земјава. Ќе дува умерен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во засилен северен. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од три до девет степени.

Во Скопје слично време со температура до пет степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, наутро се уште ќе има провејување слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.

До крајот, пак, на работната седмица се очекува стабилно, суво и постудено време со слаб до умерен северен ветер.