Заљубеноста помина, што сега?

Таа прекрасна љубовна симфонија која сте ја „компонирале“ со саканата личност, одеднаш престанува да свири. Се чини дека до вчера гласот на вашата сродна душа звучел како песна, а денеска ја губи убавината. Кога сте заедно, не се чувствувате како во екстаза, а времето не е исполнето со смеа и мали радости…

Очигледно, фазата за идеализација завршила, а фикцијата и хормоните кои влијаеле на способноста на расудување, повеќе не делуваат. Се чувствувате како да сте се симнале од облаци во суровата реалност. Како да се снајдете и да го пребродите „отрезнувањето“ и емотивното нездоволство, бидејќи љубовта уште постои?

Замерки, замерки…

Зошто одеднаш му пречат и нејзините работи оставени насекаде во бањата и станот, а нејзе и пречи начинот на кој тој се движи, облекува, разговара?  Колку и да е болно тоа дека поминува фазата на заљубеност, францускиот психолог, Елоди Сенгал,  тврди дека отрезнувањето, замерките и караниците можат да го разбудат односот и да ги зближи партнерите, доколку имаат искрени емоции.

„Ние не сме две половини кои совршено се вклопуваат, туку секој е личност за себе и природно е да го искаже тоа што му пречи, а не да молчи и да се преправа дека е се’ во ред“, вели Сенгал.

Одеднаш расправија!

Кога првпат некој од партнерите ќе го зголеми тонот, и двајцата се прашуваат што тоа се сменило во врската што до вчера била идилична. Во текот на расправиите, илузијата за хармонија распукува во моменот кога партнерите ќе сфатат дека не се „сијамски близнаци“. Елоди советува да не се прави драма околу тоа, туку првата расправија да се сфати како потврда дека врската е – вистинска.

„Одредена доза на конфликт е неизбежна, дури и посакувана, бидејќи му дава живоста на односот, го продолжува и воспоставува рамнотежа“, објаснува психологот.


strast

Ноќ без страсти

После страствени ноќи кои ви делувале дека траат кратко, бидејќи желбата за секс била френетична, една вечер партнерите само се бакнале и се свртеле еден спроти друг да спијат. На оваа ситуација жените повеќе се паничат, помислуваат дека мажот повеќе не ги посакува, па дуи и не ги сака. Меѓуто, францускиот психоаналитичар, Валери Бланко, уверува дека ниедна страст не трае вечно, што не значи дека љубовта престанала.

Ортнерот не е машина, некогаш може да биде и уморен. Наместо да му префрлате, тестирајте го така што ќе играте на карта – копнеж. Отпатувајте некаде на викенд со пријатели, раздвојте се малку за да видите како ќе реагира кога ќе ве нема.
Стигна досадата 

Се фаќете себе си дека се досадувате во друштво на парнерот, прканите веќе не ви звучат интересно, шегите често се банални, дури и глупави. Што се сменило? Францускиот психолог Елоди вели дека тоа е знак дека сме престанале да му се воодушевуваме на партнерот и се’ што тој работел и зборувал „ сме го кревале во висина“, а себе си несвесно сме се ставале во втор план.

„Тоа е добро, бидејќи најпосле сте сфатиле дека вашиот пртнер не е најпаметен и најзабавен, што значи дека некогаш може да звучи и досадно. Единствен начин да се надмине досадата во врската е да се разговара, да се разменуваат мисли и идеи, а не слепо да се слуша и да се молчи“, советува психологот.

за

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.