Заложничка драма на грчки патнички брод

Заложничка драма се случила на брод кој патувал од Крит кон Пиреја. Грчките медиуми јавуваат дека триесетгодишен маж задржал како заложник една жена на патничкиот брод.

Инцидентот се случил кога бродот се приближувал кон пристаништето во Пиреја, кога напаѓачот ја грабнал жената која седела во централнот салон на пловилото, при што се искршена чаша се заканувал дека ќе ја убие.

Причините за ваквата постапка на мажот не се познати, бидејќи тој за време на залжничката драма не изнел никакви барања. Според полцијата, мажот и жената не се познавале.

Напаѓачот набрзо бил совладан од членови на екипажот, кога бродот впловил во Пиреја, по што и бил предаден на полицијата.

На бродот имало 614 патници и членови на екипажот.