Заложничка драма во Белгија, полицијата уапси три вооружени лица

Белгиската полиција денеска уапси три вооружени лица кои неколку часа држеа еден човек како заложник во стан во Гент, но настанот не е поврзан со тероризам, изјави државниот обвинител.

Полицијата утрово блокира станбен блок во Гент откако станарите пријавиле дека четири вооружени мажи влегле во еден стан и држат едно лице како заложник.

Специјални полициски сили влегле во станот и уапсиле тројца мажи, чиј идентитет се уште не е објавен, а во текот на акцијата никој не е повреден.

Очевидци тврдат дека станот каде била заложничката драма се користи од дилери на дрога.