Заложничка драма во Крушево

Шеесет и едногодишниот Д.С. од Крушево доби кривична пријава бидејќи поради нерасчистени имотно правни односи заклучил во својата работилница дваесет и петгодишно лице од Битола.

Битолчанецот бил заклучен во работилницата околу 30 минути, се до доаѓањето на полицајците кој успеал да ги повика од својот мобилен телефон.