Заложничка драма: Ученици под нишан на вооружен тинејџер!

Четиринаесетгодишен ученик држел на нишан 29 ученици и наставник во средно училиште во Филипи во Западна Вирџинија. За среќа, во оваа заложничка драма нема повредени, бидејќи момчето се предало на полицијата и ги ослободил заложниците.

Момчето заложниците ги држел неколку часа. Од полицијата навеле дека инцидентот започнал вчера, нешто по 13 часот по локално време, а полицијата ја ставила ситуацијата под контрола околу 15.30 часот, во Филипи, град кој има околу 3.000 жители  и е на 185 километри јужно од Питсбург во соседната држава Пенсилванија.

Началникот на градската полиција, Џеф Волтерс, преговарал за ослободување на заложниците и по неколку часа момчето решило да се предаде.

Момчето заложниците ги држел неколку часа
Момчето заложниците ги држел неколку часа

Волтерс неверојатно добро ја заврши работата во оваа заложничка драма преговарајќи со проблематичното младо момче, посочил портпаролот на локалната полиција.

Момчето е однесено во болница на набљудување. Бидејќи случајот вклучува малолетник, судскиот процес ќе биде затворен за јавноста.