Заложничка драма во Брисел

брисел

Како што јавува фламанската национална телевизија „ВТМ“, по едночасовна заложничка дрмаа, при која интервенираа и специјалните сили на белгиската полиција, вооружениот маж им се предал на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Белгија, а ниту еден од заложниците не бил повреден.

Оваа информација, официјално предмалку ја потврди и градоначалникот на Форест, Жан-Марк Гисел, посочувајќи дека се работело за вооружен грабеж, кој очигледно отишол во погрешна насока за криминалецот, па тој морал да земе како заложници 15 лица во супермаркетот. За среќа, спеицјалните сили не морале да интервенираат, бидејќи мажот самиот се предал без поголем инцидент.
Инаку, бриселската населба Форест, заедно со Моленбек-Сен

Жан и Андерлехт важат за упоришта на исламски радикализам во главниот град на белгиското Кралство, каде, меѓудругото, летово беа уапсени и лицата што учествуваа и беа поврзани со терористичките напади на аеродромот Завентем и на метро-станицата Малбек, порано годинава, кога загинаа 31 лице, а стотина беа повреднеи.