Заложничка драма во Ерменија: Еден полицаец загинат, двајца повредени

Еден полицаец загинал, а двајца се ранети, во нападот изутрината од група вооружени лица врз зградата на полицијата и внатрешните воени сили во Ереван, а ерменските специјалци ослободија двајца заложници, соопшти Службата за државна безбедност, пренесе МИА.

Други детали за убиството на полицаецот и за операцијата на специјалните служби не се соопштени.

Безбедносите органи целосно ја контролираат ситуацијата и ги преземаат неопходните мерки за решавање на заложничката драма, се вели во соопппштението.

Според најновите информации околу 30 приврзаници на радикалната ерменска опозиција ја зазеле полициската зграда, а во престрелките има ранети и од двете страни.

Претходно беше соопштено дека осуммина полициски офицери се земени како заложници од група вооружени лица, кои изутринава ја нападнале зградата во регионот Еребуни во Еревен, со барање за ослободување на опозициионер.

Меѓу заложниците се заменик-началникиот на полицијата на Ерменија, генерал-мајот Вардан Егиазарјан и заменик-началникот на полицијата на Ереван полковник Валериј Осипјан, изјави пратеникот во Парламентот, Никол Пашинјан.

Тој од изутринава се наоѓа на местото на инцидентот и преговара со напаѓачите. Според него вооружената група бара „оставка на раководството на Републиката и ослободување Жираир Сефилијан“.

Група ерменски опозиционери го зазедоа седиштето на полициската патрола и инспекција во Ереван, соопшти денеска ерменската Служба за државна безбедност, отфрлајќи ги како лажни тврдењата дека станува збор за „востание“.

Денеска група вооружени лица упаднаа на територијата на ерменската полициска партола и инспекција и под закана со насилство, таму како заложници држат заробени луѓе, се наведува во соопштението.

Истовремено опозициските приврзаници шират лажни информации преку медиумите дека и социјални мрежи дека почнало вооружено востание и обид за заземање на институциите, се додава во соопштението.

Ерменската служба за безбедност наведува дека во тек се преговори со вооружените лица, со цел тие мирно да се предадат.

Приврзаниците на опозиционерот Жираир Сефилијан, кој е уапсен на 20 јуни и обвинет за организирање криминална група, објавија дека планираат да ја променат ситуацијата во Ерменија преку вооружено востание, се наведува во соопштението на опозициската група.

Веќе ја зазедовме една од главните полициски бази во Ереван и го контролираме квратот Еребуни во јужниот дел на престолнината, тврдат опозиционерите.

Сефилијан е поранешен воен командант и жесток критичар на претседателот на Ерменија Серж Саркисјан, кој е незадоволен од начинот на кој Владата се справува со конфликтот околу Нагорно Карабах.