Заложничка драма во Франција

Заложничка драма во Франција
Заложничка драма во Франција

Група вооружени лица вечерва задржаа неколкумина заложници во северниот француски град Рубе, во близина на границата со Белгија, пренесе МИА.

Во тек е операција за ослободување на зложниците, соопшти извор од француската полиција.

Тој нагласи дека пред отпочнувањето на заложничката криза од реонот се слушнале истрели.

Според истиот полициски извор, заложниците најверојатно се директор на една локална банка и неговото семејство.

Француските медиуми јавија дека реонот во кој вооружените лица ги држат заложниците е блокиран од страна на полицијата и дека на самото место пристигнале медицински и противпожарни возила, пренесе МИА.

Засега не е познато дали овој инцидент е поврзан со нападите во Париз од 13 ноември.