понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Заложничка драма во престолнината на Бангладеш

„Раша тудеј“ соопштува дека во ретсоранот има најмалку 20 заложници.

banglaes

Последни вести

Група од девет напаѓачи упадна денеска во ресторан во центарот на главниот град на Бангладеш, Дака и зеде повеќе заложници, јавија локалните медиуми.

– Меѓу заложниците има и неколкумина странци, информира шефот на полициските специјални единици Бенџир Ахмед.

Според електронското издание на весникот „Дејли стар“ напаѓачите влегле во ресторанот „Холи артизан бејкери“ во квартот Гулшан околу 21 часот и 20 минути по локално време и отвориле оган. Следувала престрелка со полицијата и вработените во ресторанот, кој се наоѓа во луксузниот дипломатски кварт на Дака. Локалните медиуми јавија дека во престрелката се повредени најмалку тројца полицајци.

„Раша тудеј“ соопштува дека во ретсоранот има најмалку 20 заложници.

„Џамуна Телевижн“ јави дека вработен во кујната, кој успеал да побегне соопштил дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“.

Голем број полицајци се на местото на настанот и блокираното е целото подрачје.

Најчитани вести