Заложничка криза во Мали

Заложника криза во хотел во Мали. Вооружени напаѓачи за кои се смета дека се џихадисти киднапираа повеќе гости во хотелот Радисон Блу во центарот Бамака, престолнината на Мали.

Очигледно се работи за обид да се земат заложници. Полицијата се наоѓа на местото на настанот, јавува Ројтерс.

Во хотелот каде има 190 соби може да се слушнат истрели од автоматско оружје. Инаку станува збор за хотел што е мошне популарен меѓу државјаните што работат во Мали.

Во хотелот се заклучени околу 140 гости и околу 30 вработени, изјави портпаролот на групацијата Карлсон Резидор во чија сопственост е хотелот.

Во август годинава исламистите убија 13 лица, меѓу кои вработени и во ОН, за време на заложничката криза во градот Севар во Мали.