Крими хроника

Залутан куршум им паднал во послужавник на маса

Залутан куршум им паднал во послужавник на маса

Во стан на улицата Методија Митевски во Скопје, вчера околу 18.20 часот, сопственикот Г.С.(36), пријавил дека еден испукан проектил од огнено оружје го пробил покривниот лим од зградата, ја пробил изолацијата помеѓу покривните табли и таванот од дневната соба од станот, и паднал на клуб-масичката, во послужавник, во дневната соба.

Во станот во моментот се наоѓале сопственикот, неговата сопруга и нивната ќерка.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.