Залутан куршум заврши во „ауди“ во Тетово

И.М.(41) вчера додека се движел со своето возило „Ауди“ на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово слушнал силен звук, а потоа забележал и оштетување на ветробранско стакло и ретровизорот најверојатно од залутан куршум.

МВР денеска соопшти дека повредени лица нема, а од страна на СВР-Тетово извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.