Залутан куршум повреди Тетовец

куршум

Според полицијата, немилиот настан се случил околу 15 часот во Тетово на булеварот „Илинденска“, додека З.П. бил заедно со својата сопруга С.П. (25) и нивното бебе. З.П. слушнал удар на кровот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата. Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Случаен минувач го пренел во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош  бил пуштен на домашно лекување.

Увид  изврши екипа на СВР при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со калибар 7,62 милиметри кој е подигнат за вештачење.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.