среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 43

Жамбон: Меѓу борците на ИД има до 5.000 Европејци

Белгискиот министер за внатрешни работи Жан Жамбон изјави дека неговата проценка е оти меѓу 3.000 и 5.000 Европејци се наоѓаат во редовите на џихадистичката група Исламска држава.

ид

Поврзани вести

Тој истакна дека европските разузнавачки служби сега само можат да чекаат да видат колкумина од нив ќе се вратат во својата татковина.

– ИД е под притисок во Мосул и Рака. Нејзини припадници од белгија се ангажирани во одбрана на тие упоришта на ИД. Мора да бидеме свесни дека таму нема 200, туку меѓу 3.000 и 5.000 Европејци, нагласи белгискиот министер.

Жамбон додаде дека сите разузнавачки агенции се обидуваат да ја следат ситуацијата и да разменат информации.

– Доколку се случи бран на враќање назад, мора да бидеме подготвени, порача Жамбон.

Најчитани вести