Балкан

Заменик-гувернерот на Измир приведен под сомнеж за поврзаност со Ѓулен

Заменик-гувернерот на Измир приведен под сомнеж за поврзаност со Ѓулен
Заменикот на гувернерот на Измир, Мехмет Суат Илхан е уапсен врз основа на потерницата издадена во рамките на истрагата околу „Терористичка организација на Фетулах Ѓулен“ (ФЕТО), јави денеска електронското издание на турскиот весник „Џумхуриет”.

Другиот заменик-гувернер на Измир, Уфук Сечилмиш, како и околискиот управител на Мендерес, Ахмет Уфук Хасчакал, се исто така приведени, но по распитот се пуштени на слобода.

Според турските власти, т.н. ФЕТО на проповедникот Фетхулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД од 1999, стои зад обидот за преврат од 15 јули.