Заменик министерот Костадиновски ги посети Карбинци и Штип

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски  вечерва ги посети поплавените подрачја во Карбинци и Штип, каде се излеаја реките Карбинска, Аргуличка и Козјачка Река.

– Отсечени се неколку села во Карбинци, а мене ме загрижува и тоа што неколку земјоделци и неколку фарми во Општина Карбинци од интензивните и обилни врнежи и надојдувањето на реките и прелевањето од коритата. Можам да кажам дека ние сме тука и веќе закажавме Координативен штаб и координативно тело. Значи ќе подискутираме и ќе направиме увид кој ќе биде и во следните неколку дена кој што ќе биде со цел да им излеземе во пресрет со одредени мерки. Видете алармантан е состојбата, свесни сме за состојбата и ние ќе бидеме подготвени, вели Костадиновски.

Мештаните од планинските села во Карбинци алармираат дека во ниските делови на Општината водата во поголеми количини ќе надојде во вечерните часови, а во повеќе села веќе се поплавени куќи.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захраиев соопшти дека воската веќе е вклучена во справување со поплавите во лакавичкиот регион.

– Околу 20-тина војници полнат вреќи кои ќе ги користеме за правење насипи. Мантово се испушта и од час во час се зголемува водостојот на реката Крива Лакавица, вели Захариев.

На мостот кај штипското село Балатлија на регионалниот пат Штип-Радовиш сообраќајот се одвива во една насока.

фото: МИА