Заменик министерот Костадиновски во посета на поплавените подрачја

Исплатени 52 милиони денари отштета за поплавените, идната недела уште 8 милиони

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски денеска ќе направи обиколка на поплавените површини во општините Могила и Новаци.

Заменикот Костадиновски ќе оддржи и состанок на Кризниот штаб каде што ќе се разговара за моменталната состојба и мерките што се преземаат и кои треба да се преземат за надминување на состојбата.

Во Битолско и Прилепско вчера беа поплавени околу 800 до 1000 хектари земјоделска површина. Зголемен беше водостојот на Црна Река кај Новаци. Поплавени беа површини во атарите на Лознани, Вашарејца, Ношпал, Могила во Битолско и во Тополчани во општина Прилеп.

Поплавен беше и коловозот од Могила до Радобор поради што беше затворен и за сообраќај.