Заменик министерот Муцунски се сретна со Питер Евераерс од ЕУРОСТАТ

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска се сретна со Питер Евераерс, директор на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори при ЕУРОСТАТ. На средбата се разговараше за тековните активности и проекти на Министерството, законите за кои МИОА има надлежност, како и нивната примена.

Заменик министерот Муцунски, информираат од МИОА, меѓу другото се осврна на проектите од областа на информациско-комуникациските технологии, како што е проектот за Интероперабилност кој овозможува поврзување на државните институции за електронска размена на документи и податоци. На средбата стана збор и за проектите на МИОА за реформа на јавната администрација чија цел е да прерасне во подобар и поефикасен сервис за граѓаните.

ЕУРОСТАТ работи со земјите-кандидатки за членство во ЕУ, изразувајќи им поддршка во напорите на патот за влез во унијата.