Заменик министерот за внатрешни работи оствари средба со амбасадорот на Словачка

Заменикот на Министерот за внатрешни работи Земри Ќамили оствари средба со Вонредниот и ополномоштен Амбасадор на Република Словачка во Република Македонија Мартин Безак.

Во рамки на средбата беше потпишан и Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словачка за спроведување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Европската заедница за преземање на лица кои престојуваат без дозвола.

На средбата, Заменикот Министер Ќамили изрази предлози за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и соработка преку размена на податоци и информации со овластени агенции за борба против организиран криминал, учество и спроведување на заеднички меѓународни истраги и сознанија за конкретни случаи од областа на трговија со дрога, криумчарење мигранти, криумчарење на акцизна стока, компјутерски криминал и друго како и размена на искуства и едукација на полициските службеници преку спроведување на заеднички обуки, семинари и работилници, особено од областа на илегална миграција, компјутерски криминал, гранична безбедност и друго.