Заменик министерот за внатрешни работи во посета на Табановце

Заменик Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, вчера го посети граничиот премин Табановце, со цел од блиску да се види спроведувањето на планот и новата методологија на работењето на граничните премини.

Од планот се очекува да се намали времетраењето на вршење на контрола на патни исправи, зголемување на квалитетот на вршењето на тековните обврски, како и унификација и вклопување на граничните контроли со земјите на ЕУ.