среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 14

Заменик-претседателката на Шведскиот парламент во посета на Македонија

Заменик-спикерот на Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг) Есабел Дингисиан од денеска до 19 јули на покана на Македонското собрание ќе престојува во посета на Република Македонија.

dingsan-640x294

Последни вести

Заменик-спикерот на Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг) Есабел Дингисиан од денеска до 19 јули на покана на Македонското собрание ќе престојува во посета на Република Македонија.

Според најавата на веб-страницата на Собранието, Дингисиан ќе има средби со Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, со пратеничката група од Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Кралството Шведска и со Даниела Рангелова, претседател на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Предвидено е заменик претседателката на Парламентот на Шведска  да се обрати на седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Според соопштението од Шведската амбасада, Дингисиан ќе се обрати на отворената седница на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените и ќе ги сподели своите гледишта за важноста на инкорпорирањето на родовите прашања во работата на оваа институција.

Родовата еднаквост е неопходен предуслов за демократскиот развој. Затоа е важно Собранието, како централна институција во демократското уредување, да го има ова прашање високо на својата агенда и во својата работа, вели Дингисиан, се посочува во соопштението.

Прашањето на еднаквоста општо и родовата еднаквост поконкретно, како и прашањето на еднаквите можности се високо на листата на приоритети на шведската надворешна политика.

Есабел Дингисиан е член на Шведскиот парламент од 2006 година и доаѓа од редовите на Зелената партија. Таа активно работи на унапредување на еколошката агенда, и во тој контекст и на зелена и одржлива иновација. Дингисиан, исто така, е и трет заменик спикер на Шведскиот парламент и како дел од тој мандат работи на родовите прашања во Шведскиот парламент.

Најчитани вести