Замислете желба – Вечерва метеорски дожд од „ѕвезди што паѓаат“

Замислете желба - Вечерва метеорски дожд Персеида
Замислете желба - Вечерва метеорски дожд Персеида

Вечерва не’ очекува најпознатиот метеорски дожд Персеида. Ако ги прашате љубителите на астрономијата кој им е омилен метеорски дожд, сигурно ќе ви кажат дека тоа е Персеида.

Годинава, астрономите велат дека овој феномен ќе биде посебно спектакуларен.

Во моментот кога метеорски дожд го достигнува својот максимум, паѓаат и до 100 метеори во еден час. Среќна околност за нас е тоа што овој месец ќе навлезе во најтемната фаза, така да ќе можеме јасно да го набљудуваме метеорскиот дожд, за што не е потребна додатна опрема, само треба да се набљудува од место каде нема голема вештачка амбиентална светлина од населено место или слично.

Ова ќе биде вистински спектакал оваа година. Ќе бидеме во можност да видеме повеќе од вообичаеното“ вели астрономот Морган Холис од британското Кралско астрономско друштво.

Метеорски дожд Персеида кој редовно не посетува секоја година помеѓу 23 јули и 20 август, потекнува од кометата Свифт-Татл, која заобиколува еден круг околу сонцето за 130 години, оставајќи позади себе голем облак од метеорити.

Додека Земјата кружи околу Сонцето, овие метеори продираат во атмосферата со брзина од околу 60 километри во секунда и согоруваат во неа. Персеиди се познати и како Солзи на светиот Лоренц, бидејќи паѓаат во време кога се одбележува овој ирски светец (10 август).

Кога е најдобро време да се гледа?

Според мислењето на стручњаците – пред зора. Кога окото ќе ви се навикне на темното небо, нема да ви треба никаква специјална опрема. Само, тргнете се од големите вештачки извори на светлина, бидејќи окото потешко ќе ви се прилагоди.
Што подалеку од урбани средини, тоа подобро.

Што се Персеидни метеорски дождови?

Персеиди или Персеидните метеорски дожд се појавуваат на Земјата секоја година во периодот од јули до aвгуст
Персеиди или Персеидните метеорски дожд се појавуваат на Земјата секоја година во периодот од јули до aвгуст

Персеиди или Персеидните дождови од метеори се појавуваат на Земјата секоја година во периодот од јули до aвгуст. Просечното паѓање на метеорите е околу 4 метеори на час. Но, колку што е поблиску кометата до Земјата толку повеќе метеори паѓаат. Во 1992 година беше постигнат рекорд со паѓање на 200-500 метеори на час. Ова настанува кога Земјата минува низ орбитата на кометата Свифт Тутл.

Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се образуваат од остатоци од опашката на некоја комета (Свифт-Татл). Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината опашка Земјата поминува секоја година. Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.